Португалецот во нова улога, сега тој ќе критикува

Ќе биде интересно, Премиерлигата го доби Жозе Мурињо како стручен коментатор!

Љубителите на фудбалот ќе имаат прилика да ги слушнат анализите на Жозе Мурињо за мечевите од Премиерлигата, „специјалниот" си најде работа како стручен коментатор за Скај Спортс.

„Специјалниот“ се уште е без ангажман откако доби отказ од Манчестер јунајтед во декември минатата година. Жозе Мурињо често велеше дека го чека вистинскиот проект и затоа одбил неколку понуди (се говореше дека можел да стане далеку најплатениот тренер доколку прифати преселба во Кина но кажал НЕ на 100 милиони евра).

И додека чека да добие предлог од амбициозен клуб, Португалецот реши да се врати во Премиерлигата и да работи како стручен коментатор на Скај Спортс.

Неговото прво појавување во студиото ќе биде овој викенд, кога на Олд Трафорд ќе се сретната двата негови поранешни клубови, Манчестер јунајтед и Челси.

„Премиерлигата е посебно натпреварување за мене, потребно ви е многу работа за да победите и не можете да го тргнете погледот од натпреварите секоја недела. Скај Спортс е домот на Премиерлигата и задоволство ми приставува тоа што ќе му се придружам на тимот и ќе можам да помогнам да објасниме и разбереме што се случува секоја недела. Фудбалот е огромна пасија, им значи многу на фановите, и со нетрпение чекам да бидам дел од Премиерлигата заедно со нив, се додека не се вратам на моето место на клупата“ - вели Жозе Мурињо.

Ќе биде интересно во студиото, бидејќи покрај него ќе седи Гери Невил, кој често знаеше да го критикува „специјалниот“ изминативе години. Друштво ќе им прави и Џејми Карагер, Грем Сунес и Џејми Реднап.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе