„Црвените“ се борат и против традицијата

Ќе биде ли Ливерпул првиот кој без Французин во тимот ја освоил Премиерлигата во 21. век?

Ливерпул и Манчестер Сити водат голема битка за титулата во Премиерлигата, а на „црвените“ не им оди во прилог една традиција која е створена во 21. век.

Ако Ливерпул ја освои титулата во Премиерлигата, ќе стане првиот тим на кој тоа му успеало во 21. век а притоа во составот да нема француски фудбалер.
 
Сите англиски шампиони од сезоната 1999/2000 па до минатата во својот состав имале и барем еден играч од Франција. Ливерпул нема таков.
 
Првата титула во овој век во Премиерлигата ја освои Манчестер јунајтед, тогаш Фергусон го имаше Микаел Силвестре и никој немаше повеќе мечеви како стартер во тимот од него таа сезона.
 
Јирген Клоп не е анти-французин. Тој сакаше да го донесе Набил Фекир од Лион, но не успеа во намерата.
 
Факт е дека нема ниту еден од Франција во неговите 22 фудбалери. Седум се од Англија, тројца од Бразил, двајца од Холандија и по еден од Белгија, Камерун, Хрватска, Египет, Гвинеа, Португалија, Сенегал, Шпанија, Швајцарија и Шкотска.
 
Листата на француски фудбалери кои ја освоиле Премиерлигата од 2000 година па наваму.
 
 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе