Планира да остане во ракометот како тренер

Кире Лазаров најави пензија: Оваа сезона ми е последна

Кире Лазаров соопшти дека ја игра последната сезона, капитенот на Македонија сепак не планира да му каже збогум на ракометот и сака да остане во спортот како тренер.

Најдобриот ракометар на Македонија, Кире Лазаров најави пензија. Во разговор со „Вечерњи Лист“, ѕвездата на Нант соопшти дека ова му е последна сезона. Планот му е да остане во ракометот како тренер и изрази желба еден ден да седне на клупата на Загреб.

„Ќе играм уште една година и мислам дека тоа ќе биде крај. Повеќе нема смисла. Ќе останам во спортот како тренер. Којзнае, можеби за десетина година ќе седнам на клупата на Загреб, клубот кој ми даде толку многу во кариерата“ – вели Кире Лазаров.

Капитенот на „црвено-жолтите“ исто така порача дека се додека е активен има намера да и помогне на репрезентацијата на Македонија.

„Кога веќе играм за Нант, ќе одговорам и на повикот на македонската репрезентација“ – додава Кире Лазаров.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе