Ќе стане најплатен фудбалер во светот

Кинезите не штедат за да потпишат со Бејл, му нудат еден милион евра неделно!

Герет Бејл има неверојатна понуда за да ја продолжи кариерата на Далечниот Исток, од Џиангсу Сунинг добил предлог вреден преку 50 милиони годишно или еден милион евра неделно.

Името на Герет Бејл е актуелно изминативе денови откако играчот не доби повик за пријателскиот дуел против Баерн со образложение дека се преговара за негов трансфер.

Зинедин Зидан изрази надеж дека ќе се случи нешто во следните 24 или 48 часа, а медиумите шпекулираа за негова преселба во Кина или спектакуларна трампа со Нејмар.

Се верува дека два клуба од Далечниот Исток го примамуваат Герет Бејл со куп пари, а според новинарот Баи Гуохуа, наводно веќе е постигнат договор помеѓу играчот и Џиангсу Сунинг.

Тој вели дека Велшанецот прифатил плата од еден милион евра неделно, што би значело 52 милиони евра годишно и можност да стане најплатен фудбалер во светот.

Клубот е во сопственост на компанијата Сунинг, една од најмоќните во Кина, која исто така поседува 70% од акциите во Интер.

Дека се работи на нешто говори и фактот дека Џиангсу Сунинг на својот Инстаграм профил почна да го следи Герет Бејл.

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе