Нови добри вести за фановите

Кинезите добија „клоца“, Милан има нов претседател и борд на директори

„Росонерите" целосно раскрстија со Ли Јонгхонг, бизнисменот од Кина е тргнат од фунцкијата претседател на Милан и на негово место е назначен Паоло Скарони.

Откако Елиот го конфискуваше Милан бидејќи Ли Јонгхонг не го врати долгот, фондот денеска именуваше свои луѓе во бордот на директори. 

Ли Јонгхонг, контроверзниот бизнисмен од Кина, е разрешен од функцијата претседател, а „клоца“ добија и останатите директори од Кина: Дејвид Хан Ли, Лу Бо и Ксу Реншуо. Отказ доби и генералниот извршен директор Марко Фасоне. 

Нов претседател на Милан ќе биде Паоло Скарони, а новиот борд на директори ќе го сочинуваат: Марко Патуано, Франк Тули, Џорџо Фурлани, Стефано Кочирио, Салваторе Черкионе, Алфредо Грака и Џанлука Д'Aванцо. 

На крајот од собранието на акционери, новиот претседател Паоло Скарони порача: „Бура има само надвор... За мене, како Миланиста, голема чест е да бидам претседател на овој тим“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе