Серија А

Кин промаши празен гол, Џенова од пенал во 96. минута го совлада Јувентус! (ВИДЕО)

Џенова во драматичен финиш славеше против Јувентус со 2-1, Кришито од пенал во 96. минута донесе триумф и важни три бода за домаќините во битката за опстанок.

Џенова си ги задржа шансите за опстанок откако вечерва славеше против Јувентус пред своите фанови.

„Старата дама“ поведе на стартот од второто полувреме, Пауло Дибала прекрасно погоди за 0-1. Но домаќините не се предадоа и преку Гудмунсон изедначија на 1-1 и најавија возбудлив финиш.

Длабоко во судиското надополнување, Кин промаши празен гол и шанса да донесе победа на Јувентус, а кратко потоа, Де Шиљо направи пенал, па Кришито од белата точка донесе огромна радост и триумф од 2-1 на Џенова.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе