Ќе паузира до крајот на годината

Kимих се кае што порано не примил вакцина: Имам вода во белите дробови, може да ми направи штета на срцето

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих открива какви компликации му направил ковид-19 и покрај тоа што имал благи симптоми, фудбалерот признава дека од денешна гледна точка подобро било да се вакцинира.

Џошуа Кимих беше еден од фудбалерите на Баерн Минхен кои не сакаа да се вакцинираат, Германецот објаснуваше дека не е анти-ваксер, едноставно е загрижен поради тоа што нема доволно долгорочни истражувања.

Фудбалерот од средниот ред сега се кае за ваквиот став, ковид-19 му направи компликации.

„Можеби требаше да поминам низ она што поминав сега за да добијам подобра слика. Од денешна гледна точка, подобро ќе беше да се вакцинирав“ - вели Џошуа Кимих, кој ќе паузира до крајот на годината.

„Симптомите кои ги имав беа благи, но имав вода во белите дробови. Не смеам да тренирам, во спротивно може да направи штета на срцето и да имам последици на долг рок“.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе