Баерн Минхен денеска соопшти дека ќе биде без Џошуа Кимих до крајот на оваа година. Тој ќе ги пропушти мечевите против Мајнц, Штутгар и Волфсбург кои баварците ги играат во декември.
„Задоволен сум што мојот карантин поврзан со короната заврши. Добар сум, но поради мала инфилтрација во моите бели дробови во моментов не можам да тренирам со полн интензитет. Ќе тренирам постепено и едвај чекам целосно да се вратам во јануари“, изјави Кимих.
Тој беше еден од проблематичните фудбалери кои не сакаа да се вакцинираат. Кога конечно одлучи да прифати вакцинација, се зарази со ковид-19 и сега ќе мора да паузира одреден период.