Баерн Минхен

Кимих кој одбиваше да се вакцинира, не ја помина најбезболно короната, на теренот се враќа следната година

Џошуа Кимих беше еден од фудбалерите на Баерн Минхен кои не сакаа да се вакцинираат, тој се зарази од ковид-19, сега е негативен, но поради последици од болеста дури во јануари ќе се врати во полн погон. 

Баерн Минхен денеска соопшти дека ќе биде без Џошуа Кимих до крајот на оваа година. Тој ќе ги пропушти мечевите против Мајнц, Штутгар и Волфсбург кои баварците ги играат во декември.
 
„Задоволен сум што мојот карантин поврзан со короната заврши. Добар сум, но поради мала инфилтрација во моите бели дробови во моментов не можам да тренирам со полн интензитет. Ќе тренирам постепено и едвај чекам целосно да се вратам во јануари“, изјави Кимих.
 
Тој беше еден од проблематичните фудбалери кои не сакаа да се вакцинираат. Кога конечно одлучи да прифати вакцинација, се зарази со ковид-19 и сега ќе мора да паузира одреден период.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе