Куп на Италија

Киксот на Бастони и Хандановиќ му пресуди на Интер, Роналдо со два гола донесе триумф на Јувентус на „Меaца“ (ВИДЕО)

Јувентус славеше со 1-2 на гостувањето во Милано против Интер во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија, Кристијано Роналдо со два гола ја предводеше „старата дама" до триумф.

Јувентус направи голем исчекор кон финале откако вечерва со 1-2 победи на „Меаца“. Интер поведе со голот на Лаутаро Мартинез во 9. минута, но Јувентус брзо го сврте резултатот.

Со помош на ВАР, судијата покажа на белата точка а Роналдо прецизно биеше за 1-1 во 26. минута.

Десет минути подоцна, Бастони и Хандановиќ не се разбраа најдобро, Роналдо ја украде топката и ја затресе празната мрежа за 1-2.

Во продолжението од мечот Интер притисна, имаше две добри прилики за гол, но Демирал расчистуваше од гол линијата, за Буфон потоа да му одбрани н Дармијан од пет метри.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе