Кик-бокс

Кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев стана светски шампион по четврти пат!

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев го освои златниот медал на Светското првенство кое се одржува во италијанскиот град Језоло. 

Димитар Ѓорѓиев по четврти пат стана светски шампион во кик-бокс. Во категоријата лоу-кик, до 81 килограм, Ѓорѓиев ја потврди својата доминација на овој шампионат, совладувајќи го во финалето Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3-0. 
 
Ѓорѓиев беше супериорен во првата рунда, кога ја стекна предноста, а потоа искусно и тактички одлично го одржуваше водството и го неутрализираше протинвикот.
 
Претходно, на патот до финалето со ист резултат Ѓорѓиев ги победи и Дано од Италија, Даковиќ од Србија и Николов од Бугарија.
 
На СП во Језоло учествуваше и Бобан Илиоски, во категоријата до 86 килограми, но тој беше запрен уште пред полуфиналето.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе