„Златна топка“

Кијелини: Роналдо лани беше „ограбен“, требаше тој да ја добие Златната топка, а не Модриќ

Џорџо Кијелини смета дека Кристијано Роналдо минатата година требаше да ја добие Златната топка наместо Лука Модрич, а за таквиот исход го обвинува Реал Мадрид. 

Кијелини смета дека Реал Мадрид имал влијание за Кристијано Роналдо да не ја добие Златната топка минатата година. А доколку тоа се случило Меси сега ќе се изедначеше со Португалецот, а немаше да биде за една подобар од него.

Роналдо навистина беше ограбен за Златната топка минатата сезона, Реал Мадрид одлучи да направи се за тој да не ја добие и навистина беше чудно“, вели Кијелини.

„Оваа сезона беше поизедначено. Со сета почит за Модриќ, тој дури и во најдобрата сезона во својата кариера не ја заслужуваше наградата. Тоа беше сигнал од Реал Мадрид бидејќи тие сакаа да го спречат Роналдо да ја освојува“.

„Тој ја освои Лигата на шампионите, по таа логика и Ван Дајк требаше да победи оваа година, или можеби Гризман, Погба или Мбапе кои беа фантастични на Светското првенство. Златната топка за Модриќ нема смисла“.

 

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе