Убави зборови за македонскиот репрезентативец

Кевин Филипс објаснува зошто Алиоски ќе добие нов договор од Лидс

Поранешниот англиски напаѓач, Кевин Филипс има одлично мислење за нашиот фудбалер Езгјан Алиоски и посочува зошто Лидс ќе му понуди нов договор. 

Актуелниот договор на Алиоски со Лидс истекува по завршувањето на оваа сезона, информациите од Англија велат дека клубот ќе му понуди нов договор.
 
Кевин Филипс за „Фудбал Инсајдер“ објаснува зошто Лидс ќе сака да го задржи Алиоски во својот тим.
 
„Од она што го знам, неговиот однос е многу добар и секој клуб има потреба од таков играч. Тој е фудбалер кој може да направи разлика и има брилијантна работна етика“, вели Филипс.
 
„Кога ќе влезе од клупата може да го промени натпреварот, ако стартува може да покаже дел од својата магија. Никогаш не се жали на одлуките на тренерот, секој состав има потреба од таков фудбалер“.
 
„Тој е играч кој Лидс би сакале да го задржат. Ќе му понудат нов договор“.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе