Лига на шампиони

Керик почна со победа, нов гол на Роналдо, Манчестер јунајтед се пласира во осминафинале (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако со 2-0 го совлада Виљареал на негов терен, Керик стартуваше со победа на своето деби како главен тренер, Баерн Минхен со 2-1 победи на гостувањето кај Динамо Киев. 

Мајкл Керик тргна со победа во својата тренерска авантура, Манчестер јунајтед се пласираше во осминафиналето.
 
Кристијано Роналдо и овојпат даде гол, постигна вкупно шест гола на петте досегашни меча во групната фаза од Лигата на шампионите, на секој натпревар постигнува гол во ова натпреварување оваа сезона.
 
Долго време резултатот беше 0-0, двете екипи имаа свои големи шанси, но резултатот беше отворен во 78. минута кога Роналдо искористи една грешка на домаќините и постигна убав гол со лоб за водство од 1-0.
 
Во 90. минута сите дилеми околу победникот ги реши Џејдон Санчо кој реализираше за победа од 2-0.
 
Манчестер јунајтед се пласираше во осминафиналето, а Виљареал во последното коло ќе води директна битка со Аталанта за вториот патник во нокаут фазата.
 
Баерн Минхен кој во минатото коло го завери пласманот понатаму, ја забележа петтата победа во петтиот натпревар од ЛШ оваа сезона. Овојпат со 2-1 победи на гостувањето кај Динамо Киев.
 
Левандовски со ножички во 14. минута го отвори мечот, Коман во 42. минута зголеми на 2-0 за Баварците. Почесниот гол за домаќините беше дело на Гармаш во 70. минута.
 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе