Селекторот на Словенија го призна поразот

Кек: Македонија победи повеќе од заслужено

Селекторот на Словенија, Матијаш Кек го признава поразот, вели дека нашата репрезентација ги заслужила трите бодови.

Македонија одигра одличен натпревар, ја надигра Словенија и ја совлада со 2-1. Словенците одиграа далеку од посакуваното ниво на нивниот селектор, тој и на прес конференцијата го потенцираше тоа.
 
„Македонија победи и повеќе од заслужено, ние одигравме лош натпревар и мораме да се подобриме веќе за следниот наш меч против Австрија“, вели селекторот Кек.
 
„Елмас постигна два гола, но не би сакал да издвојувам поединци, Македонија колективно не победи“.
 
„Целиот наш тим одигра слабо и не би сакал да издвојувам ниту еден дел од тимот. Против Полска колективно победивме, сега колективно изгубивме“.

„Не сме толку слаби колку што одигравме денеска, но вакви натпревари се случуваат во спортот“.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе