Премиерлига

Кејн е херојот на Тотнем, со гол во финишот му донесе победа кај ВБА (ВИДЕО)

Со гол на Хари Кејн во последните минути од натпреварот Тотнем со 1-0 победи на гостувањето кај ВБА и се искачи на првото место во Премиерлигата каде што ќе се задржи барем неколку часа. 

Тотнем потешко од очекувањата ги освои трите бода против ВБА. Тимот на Мурињо напорно се бореше да дојде до победата, но работите не одеа лесно, домаќините се покажаа во одлично издание.
 
И двете екипи имаа по неколку шанси, особено во второто полувреме кое беше многу посодржајно.
 
Клучниот момент се случи во 88. минута кога по асистенција од Доерти, Кејн погоди со глава за победа од 1-0.
 
Со овие три бода Тотнем се искачи на првото место во Премиерлигата, од таму ќе паднат денеска ако Лестер или Ливерпул победат.
 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе