Пристигна официјална потврда

Кејлор Навас официјално во ПСЖ, за Реал Мадрид 15 милиони евра и позајмица на Ареола

Пристигна официјална потврда за трансферот на Кејлор Навас во ПСЖ, Реал Мадрид ќе добие околу 15 милиони евра и едногодишна позајмица на Алфонс Ареола.

На Кејлор Навас му се исполни желбата, голманот од Коста Рика побара трансфер во Париз со цел да има поголема минутажа. По две недели шпекулации, вечерва пристигна официјална потврда.

Реал Мадрид и ПСЖ го потврдија трансферот, Кејлор Навас се сели на „Паркот на Принцовите“ за околу 15 милиони евра и стави потпис на договор со трајност до 2023.

Како дел од зделката, на „Сантијаго Бернбауе“ пристигнува Алфонс Ареола на позајмица до 30. јуни 2020, Французинот ќе му биде резерва на Тибо Куртоа.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе