Мурињо и Касиљас имаа недоразбирања додека беа двајцата во Реал Мадрид. Но Португалецот бил еден од првите луѓе кои го исконтактирал Касиљас кога тој имаше срцев удар.
„Многу луѓе не знаат но Жозе Мурињо беше еден од првите тројца кој ме контактираа за да дознаат каква е мојата состојба“, изјави Касиљас за „ЕСПН“.