Шпанецот пред неколку месеци на тренинг доживеа срцев удар

Касиљас е борец, сака да се врати на терените, во декември ќе прави клучни тестови

Медиумите од Португалија пренесуваат дека Икаер Касиљас во декември ќе направија серија тестови кои ќе покажат дали голманот ќе може да се врати на терените.

Шпанецот пред неколку месеци на тренингот на Порто доживеа срцев удар. Благодарејќи на брзата интервенција на лекарите, се помина добро, но многу експерти му прогнозираа крај на кариерата и пензија.

Сепак, Икер Касиљас не се откажува така лесно. Според пишувањата на А Бола, голманот сака да се врати на терените и во декември ќе направи серија тестови кои ќе покажат дали тој може да продолжи со настапите.

Порто го пријави Икер Касиљас во составот за првенството на Португалија, па доколку добие зелено светло од докторите, можеме да го видиме помеѓу стативите на почетокот од следната година.

Во моментов Икер Касиљас извршува функција во Порто и работи како врска помеѓу фудбалерите и директорите на клубот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе