СП 2022

Касемиро го однесе Бразил во осминафиналето (ВИДЕО)

Бразил со гол на Касемиро во финишот од натпреварот ја победи Швајцарија и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство на коло пред крајот. 

Во најголемиот дел од мечот Швајцарија одлично се држеше против Бразил кој на моменти изгледаше безидејно, но на крајот дојдоа до трите планирани бода.
 
Првпат мрежата се затресе во 64. минута кога Винисиус Жуниор даде гол, но погодокот беше поништен поради офсајд.
 
Регуларниот гол го даде Касемиро во 83. минута по една одлична акција на бразилците. Тоа беше погодок за 1-0 што беше и конечен резултат.
 
 
Бразил со овој триумф го завери пласманот во осминафиналето, а на овој резултат се израдува и Србија која со победа над Швајцарија во последното коло ќе може да стигне до второто место.
 
По две кола прв е Бразил со шест бода, втора е Швајцарија со три, а Србија и Камерун имаат по еден бод.
 
Во последното коло Србија игра против Швајцарија, а Бразил против Камерун.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе