Ла Лига

Касемиро донесе победа над Ваљадолид, Реал ја стопи предноста на Атлетико на само три бода (ВИДЕО)

Реал Мадрид ги надмина сите проблеми и победи со 0-1 на гостувањето кај Ваљадолид, Касемиро донесе три бода со кои „кралевите" се доближија на -3 во однос на лидерот Атлетико.

Повредите и ковид-19 и денеска му создадоа многу главоболки на Зинедин Зидан при изборот на тимот но и покрај сите проблеми, Реал Мадрид победи кај Ваљадолид со 0-1.

Херој на гостите е Касемиро, Бразилецот скокна највиско по еден прекин во 65. минута и донесе триумф.

„Кралевите“ сега се доближија на -3 во однос на лидерот Атлетико, кој исто така има и натпревар помалку.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе