Интер бил смешен во Лигата на шампиони

Касано „удри“ по Конте: Разбира ли дека не е Гвардиола? Ние не сме глупави!

Антонио Касано ги нападна „нероаѕурите" откако Антонио Конте изјави дека Интер ќе имал што да каже во Лигата на шампионите доколку се уште бил дел од најелитното европско натпреварување.

Интер во моментов е лидер на табелата во Серија А со +4 во однос на Милан и +10 во однос на Јувентус и се прв фаворит за Скудетото со оглед на тоа дека немаат обврски во Европа.

„Нероаѕурите“ беа елиминирани од Лигата на шампионите уште во групната фаза, завршија на последното место во група со Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах и Шахтар.

Антонио Конте во неделата уште еднаш изрази жалење за ваквата разврска и рече: „Доколку сега бевме во Лигата на шампионите, ќе имавме што да кажеме“.

Ваквите коментари не му се допаднаа на Антонио Касано, кој го нападна Конте и Интер.

„Дали Конте разбира дека не е Гвардиола? Ќе имале што да кажат во Лигата на шампионите? Абе ајде, не сме глупави. Серија А е просечна, Лигата на шампиони е нешто друго. Погледнете што се случи со Лацио. Ги фалиме за игрите во првенството, потоа се среќаваат со Баерн и примаат четири гола“ - вели Касано.

„Интер не доминира. Играат поразлично со Ериксен, се чини дека се подобри, но не играат одличен фудбал. Аталанта игра одличен фудбал“.

„Интер седи назад, чека противникот да направи потег и потоа го бараат Лукаку со долги топки“.

„Интер мора да ја освои титулата, и мислам дека ќе ја освојат. Но не играат одлично“.

„Интер беше смешен во Лигата на шампионите. Заврши зад Шахтар!“

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе