Најлошата одлука во неговиот живот

Кармата е кучка, Арон Јохансон во 2013 го замени Исланд со САД за да игра на светско, сега...

Велат кармата е кучка и тоа најдобро го осети Арон Јохансон кој во 2013 реши да го прифати повикот од САД и му го сврте грбот на Исланд со цел да настапел на Светско првенство

„Рибарите“ оваа недела испишаа нова историја откако обезбедија настап на нов голем собир, Исланд стана најмалата земја која изборила пласман на Светско првенство.

Но на ваквиот успех не се радува еден Исланѓанец, 26 годишниот Арон Јохансон.

Тој е роден во САД од родители Исланѓани, но фудбалската кариера ја започнува во Исланд и настапува за младите категории на оваа репрезентација.

Но во 2013 добива повик од САД, и решава да го прифати зошто така ќе имал поголеми шанси за настап на Светско првенство.

Но за негова несреќа, Исланд во 2016 се избори за настап на Европско, а сега и на светско.

За ситуацијата да биде уште посмешна, САД доживеа шокантна елиминација и нема да патува за Русија.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе