Стеф Кари имаше уште една извонредна партија со која му донесе победа на Голден стејт, овој пат над Лос Анџелес Клиперс со десет поени разлика.
Кари постигна 38 поен, имаше и 11 асистенции, најдобар во составот на Клиперс беше Пол Џорџ со 25 поени, еден повеќе од Ленард.
Хјустон оствари голем триумф откако со 132:90 буквално го понижи Орландо Меџик кој синоќа изгледаше тотално немоќно.
Вуд со 22 поени и 15 скокови беше најдобар во тимот на Хјустон, Харден имаше 15 поени и 13 асистенции. Во Орландо расположен беше само Вучевиќ кој мечот го заврши со 22 поени и 12 скокови.
Резултати:
Детроит - Феникс 110:115
Бостон - Вашингтон 116:107
Њу Ореланс - Шарлот 110:118
Њујорк - Оклахома 89:101
Хјустон - Орландо 132:90
Мемфис - Бруклин 115:110
Милвоки - Јута 118:131
Голден стејт - ЛА Клиперс 115:105
ЛА Лејкерс - Чикаго 117:115
Сакраменто - Торонто 123:144