Лига на шампиони

Карачиќ: Ова беше посебен натпревар за мене, им благодарам на навивачите

Легендарниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ кој за прв пат играше против „црвено-црните“ вели дека денешниот меч беше посебен за него и уживал да игра повторно пред вардаровата публика. 

Вардар и Кјелце одиграа драматичен меч кој заврши без победник 28:28. Карачиќ се врати во „Јане Сандански“, но овој пат беше во дресот на противникот.
 
„Сакам да им честитам на двете екипи на добрата борбеност, мислам дека заслуживме да победиме. Ја прекинавме традицијата на Кјелце на порази на овој терен, освоивме бод, но мислам дека требаше и да победиме. Сакав да игра и Криштопанс, се спремавме за него, но тој не беше во составот, Вардар не изненади со формацијата и со тактиката седум на шест со многу ниски и брзи играчи. За мене овој меч беше посебен, уживав во него, едно ново искуство во животот, сакам да им се заблагодарам на оваа прекрасна публика која ме поздрави. Се надевам дека ќе победиме во Кјелце“, вели Карачиќ.
 
И тренерот Талант Душебаев смета дека тие пропуштиле да дојдат до победата поради ситуацијата во која се најде Вардар.
 
„Честитки за двата тима. Особено на Вардар му беше многу тешко бидејќи немаше бекови, играше со крилата, но нивниот голман беше одличен во второто полувреме. Поради тоа имам чувство дека ние загубивме бод, а ова за нив беше како победа. Вардар на крајот имаше шанса и за триумф, но не ја искористи“, изјави Душебаев.
 

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе