Капитенот на Ерменија наместо да направи трансфер, замина во војна!

Капитенот на ерменската фудбалска репрезентација, Вараздат Харојан, ја прекина фудбалската кариера и се приклучи на војската на Ерменија која веќе неколку дена војува со Азербејџан. 

Харојан требаше да потпише за кипарскиот клуб АЕЛ Ларнака и да им стане соиграч на Тричковски и Мојсов, но наместо тоа е мобилизиран во војската на Ерменија која во моментов војува со Азербејџан.
 
Агентот го информирал кипарскиот клуб дека неговиот клиент е мобилизиран во војската на Ерменија и трансферот нема да се случи.
 
28-годишниот фудбалер неодамна играше за Ерменија на дуелот против Македонија, нашата репрезентација со нив треба да се сретне во ноември, но овој дуел е неизвесен со оглед на случувањата таму.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе