Искусниот италијански стратег го кажа своето мислење

Капело: Меси е генијалец, Роналдо не е

Фабио Капело вели дека Кристијано Роналдо е исклучително добар фудбалер, но не и генијалец, според него такви има само тројца а Португалецот не е меѓу нив.

Роналдо имаше импресивен настап против Атлетико Мадрид со што само уште еднаш потврди колку е голем. Португалецот има импресивни бројки во Лигата на шампионите, но Капело изгледа и не е баш импресиониран.

„Роналдо е исклучителен фудбалер, но Меси е Генијалец“, вели Капело за „Скај Спорт Италија“.

Во фудбалот има тројца генијалци: Пеле, Марадона и Меси. Ронадло е многу силен, но Меси е генијалец“.

„Се сретнав со Меси кога тој имаше 16 години и бев зачуден. Тој ги правеше истите работи кои ги прави и денес но 20 години помлад бидејќи тој е роден генијалец“.

„Тој измислува работи кои другите не ги гледаат. Роналдо е шампион, но не и генијалец“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе