Судбината сепак сакаше двајцата да соработуваат

Канте откри дека го одбил Тухел

Нголо Канте потврди дека бил желба на Томас Тухел кога Германецот седел на тренерското столче на ПСЖ, но одбил да се пресели во Париз.

Томас Тухел сакал да го донесе Нголо Канте во ПСЖ но Французинот одбил да се пресели во Париз. Судбината сепак сакала овои двајца да соработуваат, фудбалерот од средниот ред сега игра под водство на Германецот во Челси.

„Во минатото имаше одреден контакт со ПСЖ кога тој беше нивен тренер, но не сакав преселба во Париз. Ништо не се случи бидејќи бев среќен во Челси и останав тука. Не сум разговарал со Тухел на оваа тема“ - вели Французинот.

Во последните неколку натпревари, Нголо Канте игра како последен играч во редот за врска покрај Ковачиќ или Жоржињо и потсети на играчот од шампионските денови на Лестер.

„Имам играно многу на оваа позиција, во Лестер но и репрезентацијата на Франција. Не само што ова е најдобрата позиција за мене, исто така тука можам да бидам и најкорисен за тимот. Добро е што играм покрај играч кој останува назад кога јас одам напред, или обратно, јас останувам назад кога тој оди напред“.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе