Двајца фудбалери заразени со коронавирус

Каков малер, Кулушевски по втор пат позитивен на ковид-19 на три дена пред почетокот на ЕВРО 2020!

Репрезентацијата на Шведска има двајца позитивни фудбалери на ковид-19 на три дена пред почетокот на Европското првенство, се работи за Дејан Кулушевски кој по втор пат е заразен со коронавирус и за Матијас Сванберг.

Шведска во проблеми на три дена пред стартот на ЕВРО 2020, двајца фудбалери се позитивни на ковид-19.

Во 16 часот беше соопштено дека Дејан Кулушевски утрово се пожалил на настинка, веднаш му бил направен брз тест кој бил позитивен. Напаѓачот, кој има македонско потекло, по втор пат е заразен со коронавирус, па докторот на репрезентацијата изрази надеж дека тој брзо ќе се опорави и нема да ги зарази другите.

Сепак, само два часа подоцна пристигна информација за втор случај на ковид-19, позитивен е и тестот на Матијас Сванберг.

Сега останува да се види дали заразата ќе се прошири во репрезентацијата на Шведска, која својот прв натпревар на Европското првенство го игра на 14. јуни против Шпанија.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе