Премиерлига

Како Тотнем му го украде Конте на Манчестер јунајтед

Во текот на овој месец Антонио Конте разговараше и со Манчестер јунајтед, но наскоро ќе стави потпис на договор со Тотнем.

Тотнем ја средува документацијата која Антонио Конте треба да ја потпише и неговиот ангажман официјално да биде објавен. 

Лондонскиот клуб денеска го отпушти Нуно Еспирито Санто, а информациите велат дека во контакт со Конте стапиле веднаш по поразот од Манчестер јунајтед.

Конте и сегашниот директор на Тотнем, Фабио Паратичи, работеа заедно во Јувентус од 2011 до 2014 кога освоија три Скудета и еден италијански Суперкуп.

Но, пред да почне разговори со Тотнем, Антонио Конте важеше за прв фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, и беа почнати преговори меѓу двете страни. Но што се случи во меѓувреме?

Раководството на Манчестер јунајтед поддржано од Сер Алекс Фергусон, реши да му даде уште една шанса на Солшер и да ги стопира преговорите со Конте.

Солшер ја искористи шансата, Манчестер јунајтед со 3-0 го победи Тотнем, па Норвежанецот не беше избркан од работа.

Конте остана на чекање, но во меѓувреме тоа го искористи Тотнем кој му даде отказ на Нуно Еспирито Санто и го договори Италијанецот.

Според „Скај Спорт Италија“, една од причините поради кои Конте прифатил да потпише за Тотнем е тоа што Паратичи му ветил нови засилувања во јануари.

Конте важи за тренер кој многу бара кога се во прашање трансферите, од такви причини имаше несогласувања и со Јувентус и со Интер.

Се очекува во текот на денешниот ден, најдоцна до утре Тотнем да го промовира Конте за нов тренер, а негов прв меч на клупата на Спарс ќе биде дуелот во четврток против Витесе во Конференциската лига.

Манчестер јунајтед засега останува со Солшер кој пред себе има уште тешки дуели за докажување, прво со Аталанта во Бергамо, а потоа и со Манчестер Сити во Премиерлигата. Нов дебакл сличен на оној со Ливерпул нема да му биде простен.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе