Италијанските виролози имаат предлог

Како што ќе се оди во театар и кино, така да се оди и на стадион

Виролозите од Италија сметаат дека фудбалските натпревари може да се играат со публика доколку гледачите стојат на пропишана одалеченост.

Наскоро треба да почнат да се отвараат театрите и кината во Италија но и во другите земји. Тие ќе работат по посебни протиколи со значително помал капацитет бидејќи луѓето внатре ќе треба да бидат на пропишана одалеченост. Можеби меѓу нив ќе треба да има две-три празни столчиња.

Италијанските виролози не гледаат причина зошто да не може на тој начин да присуствува и публика на стадионите.

„Доколку кината и театрите се отворат со неопходната мерка за одалеченост, тогаш јасно е дека и стадионите можат да го прават истото по тој протокол“, вели професорот Матео Басети.

„Некои од италијанските стадиони навистина имаат можност да ги држат луѓето на одалеченост. Се надевам дека наскоро ќе се вратиме во нормала, и ќе почнеме да зборуваме за други работи кои не се поврзани со Ковид-19“.

„Се сложувам со тоа дека вирусот ослабнува, факт за тоа е клиничката евиденција, а оние кои не критикуваат нас нека направат една тура по болниците“.

„Луѓето кои беа хоспитализирани пред неколку недели беа практично мртви кога доаѓаа, сега поновите случаи кога ќе дојдат во болница за некое време прашуваат кога можат да си одат дома“.

„Коронавирусите од минатото тогаш мутираа во типови на инфлуенца, и не сакам да давам лажна надеж, но можно е и овој вирус исто така да се адаптирал и сега сме поспособни да се браниме против него“.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе