Напаѓачот е во центарот на вниманието поради погрешни причини

Како реагираше Лео Меси на голот на Мауро Икарди (ВИДЕО)

Лео Меси е во фокусот откако негодуваше кога беше повлечен од игра против Лион, Аргентинецот не беше ни расположен кога неговиот сонародник Мауро Икарди погоди за победа во 94. минута од мечот.

Синоќа, ПСЖ повторно во нападот ги имаше Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но триото одново не претставуваше голема опасност по противничкиот гол.

Во последните 15 минути, Маурисио Покетино се обиде со поинаков пристап да стигне до победа, па го повлече од игра Лео Меси. На напаѓачот не му се допадна ваквиот потег, негодуваше на замената, одби да се поздрави со тренерот и му дофрли нешто кога го напушти теренот.

Очигледно Лео Меси не беше многу расположен по ваквиот развој на настаните, па остана ладен на клупата кога неговиот сонародник Мауро Икарди погоди за 2-1 во 94. од мечот.

И додека сите на клупата скокнаа да се израдуваат, Лео Меси остана на своето столче, а и кога стана неколку мигови подоцна, не покажа никакви емоции.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе