ЦР7 се обиде да го деконцентрира

Како реагираше Ибра на провокацијата од Роналдо пред да го изведе пеналот (ФОТО и ВИДЕО)

Кристијано Роналдо имал обид да го деконцентрира и испровоцира Златан Ибрахимовиќ пред напаѓачот на Милан да го шутне пеналот, сепак Швеѓанецот е стар лисец па погоди и добро му се изнасмеа на ЦР7.

Милан синоќа со чуден пресврт и три гола за пет минути успеа да се врати од загубен меч и да слави со 4-2 над Јувентус.

Се почна со најстрогата казна досудена со помош на ВАР, Златан Ибрахимовиќ погоди од белата точка и ја врати надежта кај „росонерите“.

Според пишувањата на ДАЗН, Кристијано Роналдо имал обид да го деконцентрира и испровоцира Златан Ибрахимовиќ пред голгетерот на Милан да го изведе пеналот. ЦР7 му дофрлил на голманот Шчесни, „Го познавш, знаеш кај ќе шутне“.

 

Швеѓанецот сепак е стар лисец, остана смирен, го испрати Шчесни на една страна а топката на друга, па потоа се сврте и добро му се изнасмеа на ЦР7.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе