Дефанзивецот са себе обезбедил богата провизија

Како Пике и Рубиалес го договориле Суперкупот: За Реал и Барса по 8 милиони, за тебе...

Весникот „Ел Конфиденсиал" објави детали од договорот со кој Суперкупот на Шпанија се игра во Саудиска Арабија, главни актери се дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике и првиот човек на федерацијата, Луис Рубиалес.

Во ноември 2019, Суперкупот на Шпанија претрпе промени, беше договорен нов формат и Ф4 турнир кој ќе се игра во Саудиска Арабија.

Весникот „Ел Конфиденсиал“ сега откри дека Жерард Пике и Луис Рибиалес биле главни промотори на оваа идеја. Првично планот бил Ф4 турнирот да се игра на Камп Ноу, но подоцна било договорено тоа да биде во Саудиска Арабија и двајцата успеале убаво да ги „исцедат“ Арапите.

Од документите до кои има увид весникот, Жерард Пике преку неговата компанија „Космос“ добива провизија од 4 милиони евра по турнир поради тоа што посредувала помеѓу двете страни, или околу 24 милиони евра за шест години.

„Ел Конфиденсиал“ исто така открива аудио снимка од разговор помеѓу дефанзивецот на Барселона и првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија.

Откако Луис Рубиалес го известува Жерард Пике дека Реал Мадрид бара најмалку 8 милиони евра за да игра надвор од Шпанија, дефанзивецот вели: „Доколку Реал бара 8 милиони евра, дај му 8 милиони евра. 8 милиони евра за Реал, 8 милиони евра за Барса... на другите ќе им дадеш 2 и 1 милион... тоа се вкупно 19 милиони евра, за тебе остануваат 6 милиони евра. Ако го нема турнирот, федерацијата нема да добие ништо, вака ќе добие 6 милиони“.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе