Слаба комуникација помеѓу двете ѕвезди од нападот

Како Меси го игнорираше Гризман: Ниту се поздрави, ниту пак разговараше со Французинот (ВИДЕО)

Лео Меси очигледно не заборавил како Антоан Гризман ја „издрибла" Барселона минатото лето, па комплетно го игнорираше Французинот на синоќешниот дуел со Арсенал.

„Каталонците“ ова лето искешираа 120 милиони евра за да го купат Антоан Гризман, но се шпекулира дека не сите играчи во соблекувалната се среќни од ваквиот потег.

Неколку звучни имиња, помеѓу кои и првата ѕвезда Лео Меси, не му простуваат на Французинот за начинот на кој ги „издрибла“ минатото лето кога одби да се пресели на Камп Ноу.

Неодамна самиот Антоан Гризман откри дека Луис Суарез му пишал и му честитал за трансферот но не и Лео Меси. Дека има одредена доза виситна во она што го пишуваат медиумите говорат и кадрите од синоќешниот пријателски натпревар против Арсенал.

Кога Антоан Гризман беше повлечен од игра и се упати на клупата, напаѓачот беше игнориран од Лео Меси. Аргентинецот ниту му пружи рака да се поздрави, ниту пак му прозборе.

Според „Ел чирингито“, Лео Меси не му кажал збор на Антоан Гризман цели 15 минути.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе