Реал Мадрид

Кака: Ќе видиме што ќе направи Зидан во Реал Мадрид без Роналдо

Кака има пофалби за Зинедин Зидан, но вели дека треба да се види какви резултати ќе може да донесе без Кристијано Роналдо во тимот на Реал Мадрид.

Зинедин Зидан му донесе три титули по ред на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, нешто што никој не успеал да го направи претходно. Потоа Французинот си замина, но не помина ниту една сезона до неговото враќање.

Разлика од тој Реал Мадрид и овој е тоа што во тимот го нема Кристијано Роналдо. Зидан следната сезона ќе добие некои нови ѕвезди во тимот, но Кака вели дека ќе биде интересно да се види дали тој може да прави резултати без Роналдо во тимот.

„Циклусот на Реал Мадрид заврши, па логичен беше падот откако ќе се освои толку многу. Можеби изненадувачки беше само начинот на кој загубија од Ајакс на Бернабеу. 1-4 е невообичаен резултат, но Реал Мадрид сега ќе започне еден нов циклус“, вели Кака во интервју за „Газета дело Спорт“.

„Зидан беше голем играч и е голем тренер. Доколку не грешам, тој е единствениот кој освоил три титули во Лигата на шампионите по ред. Вистина е дека го имаше Кристијано Роналдо. Сега ќе видиме што ќе направи Зидан без Кристијано“. 

„Не сум изненаден од тоа што го прави Роналдо. Тоа што ме изненадува е дека игра на тоа ниво и покрај годините. Мислам дека треба да го земеме и Меси ефектот кој го предизвикува. На 34 години тој се уште наоѓа мотивација“.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе