Барселона со три бода си замина од „Нуево Мирандиља“ во натпревар на кој имаше драма на трибините, навивач доживеа срцев удар и докторите се бореа за неговиот живот.
Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Френки де Јонг го отвори резултатот во 55. минута, Холанѓанецот начека една одбиена топка и реализираше за 0-1.
Десет минути подоцна, Левандовски искористи една мешаница и погоди за 0-2.
Во 81. минута, натпреварот беше прекинат поради интервенција на лекарските екипи на трибините, играчите беа испратени во соблекувална и натпреварот продолжи во 21:05 часот.
По драмата на трибините, Кадиз се распадна, па до крајот Барса погоди уште два пати.
Ансу Фати рутински заврши по асистенција на Левандовски за 0-3, за во судиското надополнување, Дембеле да погоди од врвoт на шеснаесетникот за 0-4.