Ла Лига

Кадиз го зеде и скалпот на Барса, прва победа над „каталонците“ по 1991 година (ВИДЕО)

Кадиз приреди уште едно изненадување откако вечрва дома ја совлада Барселона со 2-1, Ленгле и Тер Штеген имаа голем пропуст и на противникот му подарија гол и три бода.

„Каталонците“ загубија на уште едно гостување во Примера, вечерва останаа со празни раце кај Кадиз и сега имаат 12 бода негатива во однос на лидерот Атлетико Мадрид.

Резултатот беше отворен во 8. минута, дефанзивецот Мингеза лошо расчисти и практично си ја затресе сопствената мрежа по еден корнер, но голот му е препишан на домашниот играч Хименез, кој играше со топката на гол линија.

Барселона потоа долго се обидуваше да се врати во игра и конечно го скрши отпорот во 57. минута кога Алкала си ја затресе сопствената мрежа.

И наместо да следи уште пожесток притисок, Ленгле и Тер Штеген реагираа аматерски, настана недоразбирање по аутот кој го изведе Алба па Негредо донесе 2-1 и ново изненадување откако претходно беше совладан и Реал Мадрид. За Кадиз ова е прв триумф над Барселона по 1991 година.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе