Евробаскет У16 Б дивизија

Кадетите подобри од Белгија

Македонските кошаркари до 16 години ја победија Белгија со 80:68 на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Сараево.

По вчерашниот пораз од Русија, македонските кошаркарски надежи денеска ја совладаа Белгија со 12 поени разлика.
 
Избраниците на Александар Јованчев го диктираа темпото на игра во речиси целиот натпревар, со мал пад на концентрацијата откако екипи се вратија на теренот по паузата на полувремето. Во финишот, нашите репрезентативци до 16 години славеа со 68-80 односно 13-22, 19-27., 28-16 и 8-15 по делници.
 
Најефикасен во нашата селекција беше Андреј Андоски со 22 поени, Лука Савичевиќ постигна 17 поени.
 
Следно за нашите репрезентативни кадети е натпревар против Словачка, закажан за утре (сабота, 11 август) со почеток во 21:00 часот.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе