Серија А

Јувентус во финишот го скрши Сасуоло и дојде до трите бода (ВИДЕО)

Јувентус со 3-1 го победи Сасуоло кој цело второ полувреме го играше со фудбалер помалку поради црвен картон на Обианг. 

Јувентус дојде до трите очекувани бода, но ова не беше натпревар кој ќе го паметат, во првото полувреме им се повредија Мекени и Дибала кои предвреме го завршија мечот.
 
Резултатот беше отворен по пет минути игра кога Данило погоди за 1-0. Сасуоло иако беше со играч помалку не се предаваше, во 58. минута Дефрел го изедначи резултатот на 1-1.
 
Јувентус се мачеше да го врати водството, тоа конечно се случи во 82. минута кога Ремзи погоди по асистенција од Фработа.
 
Во судиското продолжение гол даде и Кристијано Роналдо за конечни 3-1.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе