ВАР, три пенали и два црвени картони

Јувентус во драматичен финиш го совлада Интер и ги задржа шансите за ЛШ (ВИДЕО)

Со голот на Хуан Квадрадо од пенал во 88. минута, Јувентус го совлада Интер со 3-2 и ги задржа шансите за топ четири пласман и настап во Лигата на шампионите.

„Дербито на Италија“ заврши со победа на Јувентус. Во натпревар на кој доминираше ВАР, беа досудени три пенали и покажани два црвени картони, „старата дама“ стигна до три важни бода во самиот финиш со голот на Квадрадо од белата точка.

Резултатот беше отворен во 24. минута, Роналдо не реализираше пенал но прв стигна до топката и ја затресе мрежата на Интер за 1-0. Десет минути подоцна, најстога казна доби и Интер а Лукаку реализираше за 1-1.

Јувентус успеа да се врати во предност со гол длабоко во судиското надополнување, Квадрадо биеше од работ на шеснаесетникот, топката закачи еден фудбалер на Интер и заврши зад грбот на Хандановиќ.

По десетина минути игра во второто полувреме, Бентанкур заработи втор жолт картон и беше исклучен, па Интер притисна силно по изедначување. По неколку добри шанси, Кјелини во 84. минута си ја затресе сопствената мрежа. Во прв момент судијата досуди прекршок над дефанзивецот, но ВАР ја промени одлуката со оглед и го потврди голот.

Сепак, вo 88. минута, Јувентус доби нов пенал, Квадрадо ја презеде одговорноста и не погреши за 3-2 и огромна радост на домаќините.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе