Јувентус

Јувентус тргнува по Серхио Рамос

Јувентус се вклучува во трката по капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос на кој договорот со кралскиот клуб му истекува по завршувањето на сезоната. 

Серхио Рамос во јуни 2021 година ќе биде слободен играч доколку во меѓувреме не потпише нов договор со Реал Мадрид.
 
Засега преговорите меѓу двете страни не се одвиваат добро, тие се стопирани, Реал Мадрид не сака да ги исполни барањата на централниот дефанзивец.
 
Јувентус ја следи целата ситуација и е подготвен да реагира. Рамос иако има 34 години, се уште игра на највисоко ниво, а старата дама е позната по тоа што знае да ги донесе играчите со истечени договори.
 
Но, Јувентус не е единствен заинтересиран за Рамос, ПСЖ исто така подготвува понуда за играчот кој веќе има 174 настапи за Шпанија.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе