Српскиот фудбалер пред голем трансфер

Јувентус тргна по Влаховиќ во последните денови од преодниот рок

Се чини дека во последните денови од преодниот рок Јувентус ќе успее да го купи Душан Влаховиќ од Фиорентина. 

Според италијанските медиуми, Јувентус на Фиорентина и нуди околу 60 милиони евра плус бонуси за да го добие Душан Влаховиќ.
 
Раководството на Фиорентина е подготвено да го продаде Влаховиќ, од таму рекоа дека пристигнале важни понуди за нив, но фудбалерот и неговите агенти не комуницираат со клубот за да дојде до трансфер.
 
Сепак, гласините велеа дека желба на Влаховиќ е трансфер во Јувентус, а сега токму тие тропаат на вратата на Фиорентина, па се очекува да падне договор.
 
Фиорентина сака да го продаде Влаховиќ, Јувентус сака да го купи, а тој сака да се пресели во гигантот од Торино. Останува уште да се договорат деталите и трансферот во наредните денови да биде комплетиран.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе