Серија А

Јуве требаше да прими гол за да почне да игра, Кулушевски со прекрасен погодок спасуваше од пораз (ВИДЕО)

Јувентус ремизираше против Верона на домашен терен, гостите поведоа преку Фавили а домаќините изедначија со голот на Кулушевски, Македонецот погоди прекрасно по една соло акција.

Второ реми во низа за Јувентус во Серија А, откако „старата дама“ не успеа да го совлада Кротоне, вечерва одигра само 1-1 и против Верона.

Гостите одиграа храбро и сосема заслужено поведоа по еден час игра, Фавили доби топка на 11 метри и прецизно биеше за 0-1.

Голот како да ги разбуди домаќините кои заиграа далеку подобро и изедначија во 78. минута. Кулушевски во соло акција го измеша противничкиот дефанзивец и пласираше на подалечната статива за 1-1.

Избраниците на Пирло потоа силно притиснаа, имаа неколку шанси за победа, но не успеаја по втор пат да ја затресат мрежата.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе