Јувентус

Јувентус стравува дека Барса може да му го украде Де Лихт!

Јувентус има одличен преоден рок, но купувањето на Де Лихт од Ајакс не оди според планот.

Јувентус сакаше оваа недела да го објави трансферот на Матијс Де Лихт, но договорот помеѓу двата клуба се искомплицира.
 
Ајакс побара повеќе пари отколку што Јувентус мислеше дека е доволно, па сега тие стравуваат дека Барселона можеби има влијание на повисоката цена.
 
Јувентус и Де Лихт постигнаа договор, и Ајакс беше подготвен да прифати понуда од италијанскиот шампион, но таа да не биде помала од 75 милиони евра.
 
Јувентус понудил 50 милиони евра плус 20 милиони во бонуси, но Ајакс го одбил ваквиот предлог бидејќи има подобри понуди од Барселона и ПСЖ. 
 
Доколку Јувентус во краток рок не ја плати сумата од 75 милиони евра која ја бара Ајакс, Де Лихт може да заврши на друго место.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе