Серија А

Јувентус со пресврт во финишот дојде до победа во дербито на Торино (ВИДЕО)

Јувентус потешко од очекувањата дојде до трите бода во градското дерби против Торино, гостите долго време имаа водство, но го пропуштија на крај. 

Натпреварот почна лошо за Јувентус, по само девет минути игра Енколу донесе водство за Торино од 1-0.
 
Брзо потоа можеше да биде и 2-0 за гостите, Симоне Заза излезе сам пред Счесни, но голманот на Јуве беше поуспешен.
 
Јувентус јалово се обидуваше да се врати во игра, немаа шанси, првпат погодија во 57. минута кога Квадрадо реализириаше, но Бонучи беше во офсајд, судиите одлучија дека дефанзивецот му засметал на голманот за интервенција и го поништија погокот.
 
Во 77. минута по асистенција од Квадрадо, Мекени погоди со глава за изедначување на 1-1.
 
Во 89. минута исто сценариот само различен реализатор, Квадрадо нафрлува, а Бонучи со својот прв гол во градските пресметки на Торино му носи победа на Јувентус од 2-1.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе