Јувентус

Јувентус се збогува со Роналдо и ги објави деталите за трансферот во Јунајтед

Јувентус утринава го потврди заминувањето на Кристијано Роналдо и ги објави бројките за трансферот.

Португалската фудбалска ѕвезда минатиот петок си замина од Јувентус, а Манчестер јунајтед тогаш објави дека постигнале договор со италијанскиот клуб за негов трансфер.

Роналдо во 2018 година потпиша за Јувентус, постигна 101 гол додека играше за клубот од Торино.

Јувентус денеска го потврди заминувањето на Роналдо, му се заблагодари, му посака се најдобро во иднина и ги објави бројките за трансферот.

Роналдо е продаден на Манчестер јунајтед за 15 милиони евра плус 8 милиони евра во бонуси.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе