Серија А

Јувентус се враќа, победа над Интер во дербито на Италија (ВИДЕО)

Јувентус со 2-0 го победи Интер во големото дерби на Италија, Рабио и Фаџоли беа стрелци на головите, одличен меч имаше Костиќ. 

Јувентус одигра одличен меч и сосема заслужено го победи Интер и го помина на табелата, тимот на Масимо Алегри ја помина и Рома и се качи на петтата позиција на табелата.
 
Главните случувања на дербито се случија во второто полувреме каде по седум минути игра по асистенција од Костиќ, Рабио даде гол за водство на Јуве од 1-0.
 
Десет минути подоцна Данило постигна гол за Јуве, но по прегледување на ВАР погодокот беше поништен поради игра со рака.
 
Вториот регуларен гол за Јуве дојде во 84. минута кога Фаџоли постигна гол за конечни 2-0, Костиќ повторно беше асистент.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе