Суперкуп на Италија

Јувентус се подготвуваше за пенали, Интер со гол во 120. минута стигна до трофеј во Суперкупот! (ВИДЕО)

Интер за прв пат по 2010 година се радува на трофеј во Суперкупот на Италија, „нероаѕурите" вечерва со голот на Алексис Санчез во 120. минута стигна до триумф од 2-1 над Јувентус.

Симоне Инзаги го освои првиот трофеј на кормилото на Интер, вечерва беше совладан лутиот ривал Јувентус во Суперкупот на Италија.

Мекини ја донесе „старата дама“ во предност, но десет минути подоцна Мартинез од пенал изедначи на 1-1.

Истиот резултат стоеше на семафорот по 90 минути игра, па мечот отиде во продолженија. И кога се чинеше дека ќе има пенали, Леонардо Бонучи чекаше да биде направен прекршок за да влезе во игра, Алекс Сандро погреши во 120. минута од мечот а Алексис Санчез ја затресе мрежата за 2-1 и огромна радост на Интер.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе