Јувентус

Јувентус се договорил со Де Лихт и ја испратил првата формална понуда до Ајакс

Јувентус ги договорил личните услови со Матијс Де Лихт, останува уште потешкиот дел, да се договори и со Ајакс.

„Скај Спорт Италија“ пишува дека Јувентус ја испратил првата официјална понуда до Ајакс за Де Лихт, а таа изнесува 55 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.
 
Јувентус веќе ги договорил личните услови со дефанзивецот и се очекува наскоро да биде постигнат договор и со Ајакс.
 
Се очекува првата понуда на Јувентус да биде одбиена, Ајакс својот фудбалер го вреднува на 75 милиони евра, но нормално е што италијанскиот клуб во првиот обид нуди пониска цена од таа.
 
Ако трансферот се официјализира, Де Лихт ќе потпише петгодишен договор со Јувентуз за плата од 12 милиони евра годишно, плус бонуси.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе